Достапни линкови

Убиени 14 војници во Пакистан


Архивска фотографија: Бомбашки напад во Балучистан на 27 октомври 2010 година.

Архивска фотографија: Бомбашки напад во Балучистан на 27 октомври 2010 година.

Вооружени луѓе убиле 14 војници во заседа во југозападен Пакистан, соопштува пакистанската армија. Десетмина војници се ранети. Армијата соопштува дека вооружените луѓе нападнале конвој на паравоениот Граничен корпус во провинцијата Балучистан. Одговорноста за нападот ја презеде милитантната организација Ослободителна армија на Балучистан. Според портпаролот на организацијата, тие убиле 40 војници. Балучистанските милитанти со децении водат борба против владата, барајќи поголема независност и поголем дел од природните богатства на провинцијата.
XS
SM
MD
LG