Достапни линкови

Има ли вахабисти во Македонија?


Илустрација: Муслимански верници во џамија.

Илустрација: Муслимански верници во џамија.

Според ИВЗ, станува збор за поединци чие делување засега е умерено. За некои експерти, пак, ИВЗ ја искористува темата за заплашување, заштитувајќи се од промени.

Некои велат дека постојат, други тврдат дека ги виделе, некои пак се плашат од нив, но никој не знае кои се тие со име и презиме.
Вака од прилика би можела да се постави загатката за вахабистите во Македонија.
И самата Македонија не беше имуна на такви радикални движења. Ние сметаме дека сега се доста умерени.

Познавачите на овој проблем тврдат дека темата вахабизам во земјава е исполитизирана. До пред една година поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи, тврдеше дека власта ги толерира вахабистите и дека дел од џамиите не се под нивна контрола. Но, сега, поглаварот вели дека Исламската верска заедница преку судски процеси си ја повратила контролата врз верските објекти. Поглаварот тврди дека во земјава има вахабисти, но не посочува кои се тие луѓе и како дејствуваат.

„И самата Македонија не беше имуна на такви радикални движења. Ние сметаме дека сега се доста умерени, и ако постојат, ние не негираме дека постојат такви структури, и ако постојат, тие се благи и умерени.“

РСЕ: Може ли да посочите некој кој припаѓа на такво движење?

МВР ја следи состојбата и редовно контактира во ИВЗ, информира портпаролот Иво Котевски

МВР ја следи состојбата и редовно контактира во ИВЗ, информира портпаролот Иво Котевски

„Ние не можеме како ИВЗ да посочиме со име и презиме, но инстутуциите на системот имаат список со име и презиме на тие лица поединечно.“

Кога станува збор за нивното дејствување во земјава, Реџепи вели дека тоа се само поединци.

„Зборот ми е дека има луѓе кои се ангажирани директно од центарот за развивање на едно такво движење, а такви личности не се многу, тоа се неколкумина кои се покриваат со материјалниот интерес.“
Тие на кои мисли ИВЗ кога сака да ја користи темата вахабизам како плашило, се луѓе кои за разлика од некои луѓе во ИВЗ се верски се пообразувани и заради тоа ИВЗ смета дека тие можеби во даден контекст би можеле политички да им конкурираат.

Портпаролот на Министертвото за внатрешни работи Иво Котевски вели дека институцијата ја следи состојбата и редовно соработува со ИВЗ по ова прашање.

„Редовно контактираме, оддржуваме состаноци и разменуваме информации кои се од взаемен интерес. Досега во повеќе наврати од страна на ИВЗ беше побарана интервенција во одредени џамии, но за жал МВР не може туку така да излезе во пресрет на овие барања затоа што МВР е обврзано од Уставот и законите на РМ за почитување на ингеренциите што ги има. Генерално најмногу од барањата се однесуваа на нарушено владение.“

Аналитичарот за исламски прашања Рамадан Рамадани, вели дека честото „пумпање“ на темата за исламски радикализам, е играње на политичка карта. Според него тоа се користи како плашило, за одредени структури да се заштитат себе си од промени.

„Тие на кои мисли ИВЗ кога сака да ја користи темата вахабизам како плашило, се луѓе кои за разлика од некои луѓе во ИВЗ се верски се пообразувани и заради тоа ИВЗ смета дека тие можеби во даден контекст би можеле политички да им конкурираат во смисла на заземање административните функции во институцијата и преставување на муслиманите во Македонија. Заради тоа ИВЗ ова го користи, за да ги одбие, за никогаш да не се приближат кон одговорни места во заедницата.“

Поглаварот на ИВЗ вели дека како институција не ја злоупотербуваат темата вахабизам, туку дека напротив им се спротивствауваат на таквите структури. Но, додава дека политиката може да кокетира со таквото движење за да профитира.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG