Достапни линкови

logo-print

Немирите во Египет и синоќа не стивнаа


Најмалку 11 луѓе се убиени за време на немирите во египетскиот главен град Каиро. До немирите дојде при обидот безбедносните сили да ја преземат контролата на централниот плоштад, на кој демонстрантите претходно поставија шатори.
Според извештаите, стотици војници и полицајци, користеле солзавец, гумени куршуми и палки за да ги истераат демонстрантите кои биле неколку илјади на број. Иако нападот предизвикал паника кај демонстрантите, подоцна тие пак се организирале и се вратиле на плоштадот.
Западните светски агенции јавуваат за 11 мртви, а државната египетска новинска агенција, јавува за тројца.
Демонстрантите се плашат дека привремената воена влада се обидуваат да ја задржи контрола на власта. Владата пак преку соопштение вели дека судирите нема да влијаат на парламентарните избори кои треба да се одржат на 28 ноември.
Европската Унија го осуди насилството и ги повика властите да се воздржат од насилство и да овозможат демократска транзиција.
XS
SM
MD
LG