Достапни линкови

Шпанскиот победник на изборите предупреди да не се очекуваат „чуда“


Опозициската конзервативна партија од Шпанија победи на парламентарните избори кои вчера се одржаа во земјата. Лидерот на Народната партија Маријано Рахој кој треба да стане новиот премиер по објавувањето на резулататите изјави дека не треба да се очекуваат „чуда“ кога новата влада ќе започне со работа обидувајќи се да ја извлече земјата од економската криза во која се наоѓа.
Според првичните резулатати новата владеачка партија освоила 44 проценти од гласовите или 186 пратенички места во350-члениот Парламент.
Социјалистите, кои во изминативе девет години беа на власт, освоија 28 отсто од гласовите и 111 пратенички места.
Досегашниот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро одлучи да не се кандидира за трет мандат, откако неговиот рејтинг почна да паѓа, бидејќи земјата се соочува со невработеност, замрзната економија и зголемени трошоци.
XS
SM
MD
LG