Достапни линкови

logo-print

Нобеловката Су Ки ќе учествува на престојните избори во Мјанмар


Лидерката на опозицијата во Мјанмар Аунг Сан Су Ки ќе се кандидира на престојните избори .Ова ќе биде прв пат по 20 години добитникот на Нобелова награда за мир да учествува на изборите во земјата, по оние во 1990 година кога нејзината убедлива победа на изборите беше поништена од тогашните владечки генерали. Нејзината партија ја соопшти кандидатурата по само неколку дена откако Националната Лига го прекина бојкотот на политичкиот систем во државата. Су Ки изминативе две децении ги помина во домашен притвор.
Минатиот петок американскиот претседател Барак Обама најави дека државниот секретар Хилари Клинтон ќе го посети Мјанмар на почетокот на декември со цел да ги охрабри властите за спроведување на демократски реформи. Клинтон е највисокиот американски преставник што ќе ја посети државата по воениот удар во 1962 година.
XS
SM
MD
LG