Достапни линкови

Меѓународните кредитори барат писмени гаранции од Грција


Меѓународните кредитори на Грција и натаму настојуваат коалициски партии во владата на Лукас Пападимос да дадат писмени гаранции за поддршката за спогодбата со која Грција треба да се спаси од банкрот. Лидерите на еврозоната минатиот месец постигнаа таква спогодба.
Лидерот на конзервативците Адонис Самарас одбива да го исполни барањето на кредиторите, иако се согласува со втората спогодба за Грција, но смета дека барањето е непотребно и понижувачко.
ПАСОК се согласува да даде писмени гаранции.
Кредиторите се закануваат дека без да добијат писмени гаранции нема да пуштат третата транша во вредност од осум милијарди евра од првиот спасувачки пакет вреден 110 милијарди евра.
После формирањето на влада на национално единство во Грција расте популарноста на конзервативната Нова демократија, додека поддршката за Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК) падна на најниско ниво од парламентарните избори одржани пред две години.
XS
SM
MD
LG