Достапни линкови

logo-print

Египќаните незадоволни и по соборувањето на Мубарак


Судири меѓу полицијата и демонстрантите на плоштадот Тахрир во Каиро.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите на плоштадот Тахрир во Каиро.

Египетските сили за безбедност упаднаа на плоштадот Тахрир во центарот на Каиро, каде што демонстрантите поставија камп. Стотиците војници и полицајци користеле солзавец, гумени куршуми и пендреци да ги растераат неколкуте илјади демонстранти од плоштадот. Агенцијата Асошиејтед прес јави дека полицијата ги урнала шаторите и ги запалила транспарентите што ги носеа демонстрантите.

Ова е втор ден од судирите меѓу полицијата и демонстрантите. Најмалку двајца луѓе загинаа во вчерашните судири меѓу полицијата и демонстрантите што траеја до доцна во ноќта. Повеќе од 700 луѓе биле повредени.

Повторното појавување на протестите во Египет се должи на зголемувањето на гневот на јавноста поради бавните реформи и загриженоста дека привремената воена власт ќе се обиде да си ја задржи моќта додека економијата стагнира, а политичарите се караат за контурите на новиот нацрт-устав.

Плоштадот Тахрир беше централно место на протестите што доведоа до соборување на поранешниот претседател Хосни Мубарак. Демонстрации имаше и во градовите Александрија и Суец. Владата денеска треба да расправа за овие настани.

Насилствата доаѓаат само 9 дена пред одржувањето парламентарни избори. Првите избори од соборувањето на Мубарак, се закажани за 28 ноември.
XS
SM
MD
LG