Достапни линкови

logo-print

Ставрески - Можеме да оствариме раст од 4,5 проценти


Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Проекцијата за следната година е направена на квалитетен начин, но се зависи од околностите во европската економија. Доколку таму има барем релативно стабилни услови, следната година може да се оствари проектираниот раст од 4,5 проценти. Ова денеска го изјави заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Се разбира, во денешно време сите носители на економската политика мора да потенцираат дека постојат ризици за економски раст. Тоа е европската економија и се зависи од тоа дали во развиените земји ќе се најдат соодветни решенија за должничката криза. Нашите очекувања се дека македонската економија со поддршката што ја има од буџетот, преку капиталните инвестиции и со директната поддршка од 150 милиони евра од Европската инвестициска банка за поддршка на малите и средните претпријатија, може да го испорача предвидениот економски раст“, изјави Ставрески.

Тој рече дека во текот на минатите месеци буџетската каса се полни релативно добро, односно приходите се согласно проекциите.

Неговите забелешки доаѓаат откако Светската банка неделава излезе со прогноза за раст на економијата на Македонија од три проценти за годинава и 2,5 отсто за следната година.
XS
SM
MD
LG