Достапни линкови

Писмо и за Денот на дрвото


Архивска фотографија: Ден на дрвото на 19 ноември 2010 година.

Архивска фотографија: Ден на дрвото на 19 ноември 2010 година.

„Садиме денес - пишуваме и праќаме писмо на мирот!“ е водечкиот слоган на осмата по ред масовна акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, што ќе се одржи на 23 ноември. Водечкот настан на кампањата е „Писмото на љубовта, почитта и пријателството - засади мир, пријателство и љубов“.

Писмото, како што информира на денешната прес-конференција Кристина Николовска од Граѓанското здружение Ден на дрвото - засади ја својата иднина, содржи недвосмислена и јасна порака дека преку засадувањето иднина со свои раце ќе кажеме дека засадуваме не само дрвца, туку и пријателство, добрососедство, толеранција и взаемна почит.

„Писмото е силна порака дека не дозволуваме да бидеме обезимени и не би дозволиле таква неправда да биде нанесена никому, не само нам“, рече Николовска.

На денот на акцијата поддржана од Владата, граѓаните во знак на согласност со Писмото ќе можат да се потпишат во тетратки кои по одржувањето на акцијата ќе бидат испратени до Обединетите нации и до Европската комисија.
XS
SM
MD
LG