Достапни линкови

Анти-американски протести во Авганистан


Авганистанското национално Собрание, наречено Лоја Џирга течеше под силно обезбедување.

Авганистанското национално Собрание, наречено Лоја Џирга течеше под силно обезбедување.

Околу 1.000 Авганистанци, претежно студенти, протестираат во источниот дел на земјата против предложеното продолжување на американското присуство во земјата. Протестот на кој биле палени фотографии на американскиот претседател Барак Обама и се извикувале анти-американски слогани, уследи откако националното собрание на старешини, наречено Лоја Џирга, го поддржа долгорочното останување на американската армија во земјата за поддршка на авганистанските сили.

Авганистанското национално Собрание, наречено Лоја Џирга, вчера на крајот на заседавањето донесе резолуција со која се поддржува долгорочно останување на американската армија во земјата заради помош на авганистанските сили, доколку се исполнат одредени услови. Според необврзувачката резолуција, странските сили треба да го напуштат Авганистан до 2014 година, а потоа може да останат во земјата само за поддршка на авганистанските сили за безбедност. Резолуцијата застанува против постојано американско присуство во земјата. Со неа се бара и итен прекин на ноќните рации што ги спроведуваат меѓународните сили.
XS
SM
MD
LG