Достапни линкови

Уапсен потпретседателот на Турската фудбалска федерација


Фудбалскиот стадион во Истамбул

Фудбалскиот стадион во Истамбул

Турската полиција денеска го уапси потпретседателот на Турската фудбалска федерација Ѓоксел Ѓумусдаг, под обвинение за местење на фудбалски натпревари.
Полицијата пред сослушувањето, Ѓумусдаг го однела на медицински преглед во болница.
Претходно околу 30 луѓе беа уапсени под сомнение за местење на фудбалски натпревари во првата и втората турска лига.
Меѓу уапсените беше и претседателот на Фенербахче Азиз Јилдрим, како и двајца членови од управата на Бешикташ.
XS
SM
MD
LG