Достапни линкови

УНДП: Србите и Албанците на Косово не се подготвени за заеднички живот


Барикади на северот од Косово

Барикади на северот од Косово

Мнозинството Срби и Албанци на Косово не се подготвени да работат заедно или да живеат на иста улица, а речиси никој не е спремен да стапи во меѓуетнички брак, покажува најновото истражување на јавното мислење на Косово, спроведено од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Околу 43 проценти од Србите би прифатиле да работат заедно со Албанци. Околу 31 процент би живееле во ист град, а околу 20 проценти да живеат на иста улица со Албанци. Ниту еден од испитаните припадници од српската заедница не би стапил во брак со припадник од албанска заедница, се наведува во извештајот на УНДП „Пулсот на јавноста“, за периодот од ноември 2010 до јуни 2011 година.

Слични се и резултатите меѓу испитаниците Албанци од Косово.
Околу 41,5 проценти од Албанците би прифатиле да работат со Срби, додека 43 проценти би живееле во ист град, а 37 на иста улица со Срби. Само 1,5 проценти од косовските Албанци би стапиле во брак со косовски Срби, се наведува во извештајот на УНДП.

Во однос на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ и Брисел, само четвртина од испитаниците го гледаат овој дијалог како корисен за Косово, додека околу 20 проценти го сметаат за штетен. Само три проценти од испитаниците гледаат на дијалогот како многу корисен за Косово.
XS
SM
MD
LG