Достапни линкови

logo-print

Каде ќе му се суди на синот на Гадафи?


Сеиф ал Ислам, синот на Гадафи

Сеиф ал Ислам, синот на Гадафи

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, следната недела ќе отпатува во Либија на разговори со преставниците на преодната Влада, околку тоа каде ќе му се суди на Сеиф ал Ислам, синот на Гадафи, кој денеска беше уапсен.
Од судот соопштуваат дека обвинителот Морено Окампо изјавил дека е точно тоа дека нациналните власти имаат право да им судат на своите државјани за воени злосторства, но дека не е уверен дека синот на соборениот либиски лидер, ќе има правично судење во Либија.

„Добрата вест е дека Сеид ал -Ислам е уапсен, тој е здрав и жив и сега ќе се соочи со правдата“, изјавил обвинителот.

Меѓународниот кривичен суд на 27 јули издаде налог за апсење на Моамер Гадафи, кој беше убиен во октомври, за неговиот син Сеиф ал Ислам и за шефот на либиската разузнавачка служба Абдула ал Сенусиј , за обвиненија дека направиле злостроства против човештвото.
За нив на 9 септември беше издадена и црвена потерница од Интерпол.
XS
SM
MD
LG