Достапни линкови

Дачиќ:Србите од Косово немаат причина да прогласат независност


Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Србите од северот на Косово немаат причина да прогласуваат независност, бидејќи тие се уште се дел од Србија.

Коментирајки ја изјавата на државниот секретар во Министерствот за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ, кој рече дека Србите од северот на Косово се припрамаат на таа цел, Дачиќ изјави дека „тоа е одраз на тоа што Србите не сакаат да живеат на Косово и Метохија“.
Дачиќ вели дека идејата за поделба на Косово е решение, но тој негов став многу бил критикуван.

„Кога јас велам дека на Косово треба да се изврши разграничување, многу од западните дипломати ми велат дека тоа ќе значи отварање на Пандорината Кутија за други поделби. Но токму отцепувањето на Косово од Србија беше Пандорината кутија“, изјави Дачиќ.
XS
SM
MD
LG