Достапни линкови

logo-print

Меѓународните кредитори на средба со двете најголеми партии во Грција


Претставници на меѓународните кредитори на Грција денеска се сретнаа со лидерите на двете најголеми политички партии во земјата, социјалистичката ПАСОК и конзервативната Нова демократија.
Претставниците на меѓународните кредитори на Грција,односно преставниците на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд , не сакаа да коментираат пред средбата со лидерот на ПАСОК и поранешен премиер Јоргос Папандреу и лидерот на Нова демократија Андонис Самарас.
Според грчките медиуми, кредиторите инсистираат Самарас да даде писмена поддршка за вториот договор за помош на земјата, постигнат минатиот месец, пред да биде доделена последната транша во висина од осум милијарди евра од пакетот за спас на земјата од 110 милијарди евра договорен минатата година.
Меѓународнте претставниците вчера одржаа разговори со министерот за финансии Евангелос Венизелос и новиот премиерот Лукас Пападимос.
Мисијата пристигна во Атина, откако порано оваа седмица грчкиот Парламент и изгласа доверба на новата преодна Влада.
XS
SM
MD
LG