Достапни линкови

Странски сили во Авганистан само за поддршка на авганистанските


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се обраќа пред присутните на Лоја Џирга.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се обраќа пред присутните на Лоја Џирга.

Авганистанското национално Собрание наречено Лоја Џирга на крајот на заседавањето донесе резолуција со која се поддржува долгорочно останување на американската армија во земјата заради помош на авганистанските сили, доколку се исполнат одредени услови. Според необврзувачката резолуција, странските сили треба да го напуштат Авганистан до 2014 година, а потоа може да останат во земјата само за поддршка на авганистанските сили за безбедност. Резолуцијата застанува против постојано американско присуство во земјата. Со неа се бара и итен прекин на ноќните рации што ги спроведуваат меѓународните сили.
XS
SM
MD
LG