Достапни линкови

Штуловиот Универзитет одбележа 10 години постоење


Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово ја одбележаа 10 годишнината од постоењето на Универзитетот.
Во рамките на одбележувањето на јубилејот беше откриена биста на основачот на Универзитетот Макс ван дер Штул. Беа доделени и посебни признанија на претставници од дипломатскиот кор во Македонија, повеќе универзитети и институции, а Мајкл Мекруби од Универзитетот во Индијана, САД ја доби титулата почесен доктор на науки.

Ректорот на Универзитетот Замир Дика, рече дека Универзитетот продолжува да биде посветен на својата мисија – промовирање на високото образование на Албански јазик и истовремено овозможување на мултијазично и мултикултурно образование во Македонија.
XS
SM
MD
LG