Достапни линкови

Во Шпанија утре парламентарни избори


Митинг на Народната партија на Маријано Рахој

Митинг на Народната партија на Маријано Рахој

Во Шпанија утре ќе се одржат парламентарни избори на кои, според анкетите, владејачките социјалисти би можеле да доживеат историски пораз. Последните анкети покажуваат дека предност има десничарската опозиција. Најмногу пратенички места би освоила Народната партија на Маријано Рахој за кој веќе се смета дека би можело да биде иден премиер на Шпанија. На второ место би била Социјалистичката партија која во земјата владее уште од 2004 година. Право на глас имаат 36 милиони шпанци.
XS
SM
MD
LG