Достапни линкови

Адеми: Топилницата мора да ги исполнува еколошките стандарди


Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми ја поддржува препораката на премиерот Никола Груевски упатена до сопственикот на велешка Топилница, компанијата „Метрудхем,, за изнаоѓање алтернативна локација за надминување на стравот на граѓанините на Велес од можни нови загадувања. Во интервју за агенцијата МИА Адеми изјави дека процедурата за оцена на влијанието од Топилницата бара разгледување на алтернативни опции. За добивање еколошка дозвола тој посочи дека се спроведува долготрајна процедура во која е вклучено и одлучувањето на јавноста.
XS
SM
MD
LG