Достапни линкови

ОН бараат соработка од Иран за заговор за убиство


Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која од Иран се бара да соработува во истрагата за наводен ирански заговор за убивање на саудискиот амбасадор во Вашингтон Абдула Муалими. Иран демантира дека имал некаква улога во оваа афера. Во текстот се охрабруваат Соединетите држави да ги преземат сите неопходни мерки за спречување вакви активности. Во резолуцијата се бара од Иран да соработува со Соединетите држави со цел пред судот да се најдат сите кои учествувале во заговорот.
XS
SM
MD
LG