Достапни линкови

Ден на сеќавање на жрвите од Вуковар


Вуковар - млади луѓе од Србија го посетија Меморијалниот Центар

Вуковар - млади луѓе од Србија го посетија Меморијалниот Центар

Во Вуковар денеска се одбележува 20-годишнина од падот на градот на 18 ноември 1991 година во рацете на српските сили. На манифестациите присуствуваа хрватските политички лидери, учесници во борбите за градот и повеќе десетици илјади граѓани од целата Хрватска.
Одлебежувањето на Денот на сеќавањето на жртвите во Вуковар 1991 година, почна со комеморативен собир во дворот на вуковарската болница. Според официјалоен Загреб, за 87 денови загинале 1.624 луѓе додека 1.219 биле ранети.
Жупаниското обвинителство во Вуковар соопшти дека за воени злосторства во градот им се судело на луѓе во Вуковар, Осиек, Белград и Хаг. Досега на вуковарскиот суд се процесуирани 65 луѓе и покренати уште 62 предмета против непознати извршители. Хрватските судови осудиле 24 луѓе од кои 17 во отстуство.
XS
SM
MD
LG