Достапни линкови

Потрага по новинари „кодоши“


Дел од медиумските работници стравуваат дали процесот на лустрација на новинари ќе биде транспарентен? Од ЗНМ предупредуваат дека Комисијата треба да го почитува законот.

Измените на законот за лустрација од Нова година се однесуваат на сите новинари од 1945-та до денес. Рокот за поднесување изјави е од почетокот на декември оваа година до крајот на јануари следната година. Претседателот на комисијата Томе Аџиев кажа дека доколку комисијата
Медиумот односно сопственикот, основачот ќе си процени дали е добро во неговиот медиум да има лице за кое Комисијата утврдила дека соработувал со тајните служби
Томе Аџиев, претседател на Комисијата за лустрација

утврди за некој новинар дека бил соработник на тајните служби тогаш за неговото останување на работа одлучува сопственикот на медиумот, односно медиумот.

„Медиумот односно сопственикот, оснивачот ќе си процени дали е добро во неговиот медиум да има лице за кое Комисијата утврдила дека соработувал со тајните служби“,изјави Аџиев во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела.

Насер Селмани, претседател на ЗНМ
Насер Селмани, претседател на ЗНМ
Досега тешко беше да се поверува дека кога и да е оваа Комисија ќе го постави прашањето на лустрација на оние носители на функции кои денес се на власт. Поради ова во своите реакции дел од новинарите нагласуваат дека одговорноста на новинарите е голема и оти тие не треба да бидат над законот меѓутоа постои сомнеж од
Сакам само да потсетам за оние кои ќе се обидат надвор од законот некого да прогласат за соработник со тајните служби, или да прикријат некого, казните се од три до пет години затвор
Насер Селмани, претседател на ЗНМ
селективност во постапките. Насер Селмани претседателот на ЗНМ нагласува дека она што Комисијата мора да направи е да го почитува законот.

„Јас сум свесен дека во јавноста постои скептицизам и страв дека лустрацијата ќе може да се злоупотреби за пресметка со неистомислениците, сакам само да потсетам за оние кои ќе се обидат надвор од законот некого да прогласат за соработник со тајните служби, или да прикријат некого, казните се од три до пет години затвор. Јасни се основите по кој некој може да се прогласи за соработник со тајните служби, дали има потпишано договор, дали земал пари и дали има аргументи дека врз основа на соработка со тајните служби напредувал во кариерата.“

Новинарот Предраг Димитровски вели дека се залага за процесот на
Тука сум малку скептичен заради тоа што Комисијата барем досега дозволи во јавноста да се создаде впечаток за одредени селективни постапки во лустрацијата
Предраг Димитровски, новинар

лустрација и на новинари. Според него не е прашање дали треба да се лустрираат новинарите, но суштински е процесот да биде коректен и без селективност.

„Тука сум малку скептичен заради тоа што Комисијата барем досега дозволи во јавноста да се создаде впечаток за одредени селективни постапки во лустрацијата. Кога станува збор за новинарите Комисијта треба да вложи напори апсолутно коректно и законски да го тера тој процес.“

Досега Комсијата утврди дека постои основано сомневање дека соработувале со тајните служби само поранешни носители на функции, вкупно 20.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG