Достапни линкови

Јеремиќ ги разбира косовските срби кои бараат руско државјанство


Министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ изјави денеска дека барањето на околу 20.000 косовски срби да добијат руско државјанство, всушност бил апел за помош против репресијата од косовските албанци. На прес конференција во главниот град на Казахстан, Астана, Јеремиќ оцени дека косовските срби сметаат дека нивен најдобар заштитник би можела да биде Руската Федерација. Шефот на руската федерација Сергеј Лавров вчера изјави дека Москва целосно разбира зошто косовските срби бараат руско државјанство и додаде дека Москва сериозно ќе го разгледа ова барање.
XS
SM
MD
LG