Достапни линкови

Камерон на разговори во Брисел за кризата во евро-зоната


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска во Брисел ќе разговара со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и со претседателот на Унијата, Херман Ван Ромпуј за должничката криза во евро-зоната и за последиците врз другите земји членки на Европската Унија. Потоа е предвидено Камерон да замине и за Берлин на разговори со германската канцеларка Ангела Меркел. Велика Британија, која не е во евро-зоната, е загрижена од плановите за поголема интеграција на 17-те членки кои го користат еврото, бидејки смета оти останатите 10 земји членки ќе бидат маргинализирани.
XS
SM
MD
LG