Достапни линкови

logo-print

Русија, Белорусија и Казахстан во Економска Унија


Претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан, Дмитриј Медведев, Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбаев, се очекува денеска во Москва да постигнат согласност за првиот чекор кон формирање Евро-азијска Економска Унија. Според Кремљ, тројцата лидери ќе потпишат декларација за натамошна економска интеграција меѓу нивните земји, кои веќе имаат царинска унија. Евро-азијската Економска Унија, ќе биде отворена и за сите други земји од поранешниот Советски Сојуз, кои ќе сакаат да се приклучат.
XS
SM
MD
LG