Достапни линкови

Растечка загриженост од нуклеарните амбиции на Иран


Бордот на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија денеска ќе расправа, а се очекува и да гласа за нацрт резолуција со која ќе се искаже длабока загриженост од иранската нуклеарна програма. Текстот е усогласен меѓу 5-те постојани земји членки на Советот за Безбедност, плус Германија. Агенцијата во последниот извештај констатира дека Иран работи на производство на нуклеарна бомба. Тензиите околу иранската нуклеарна бомба ја зголемија загриженоста дека Израел би можел да превземе воена акција против Техеран.
XS
SM
MD
LG