Достапни линкови

Состанок на Муслиманското Братство во Либија


Муслиманското братство, кое беше забрането со декади, го одржува својот прв јавен собир во Либија. Неколку стотици делегати учествуваа на отворањето на конференцијата во Бенгази, која се очекува да трае неколку дена и на која се расправа за иднината на нивното дејствување во процесот на демократизација во Либија. Многумина аналитичари оценуваат дека на престојните избори во Либија ќе се соочат религиозни политички групи со секуларните партии.
XS
SM
MD
LG