Достапни линкови

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Атина


Полицијата се судри со десетици млади демонстранти пред зградата на Парламентот во центарот на Атина за време на вчерашните протести.Грчката полиција приведе 60 лица по судирите со демонстранти во близина на американската амбасада во Атина, каде се одбележувала годишнината од студентските протести против воената диктатура во 1973 година..Полицијата, која ја обезбедувала американската амбасада, употреби солзавец и гранати за зашеметување, со цел да ги растера демонстрантите.Околу 7.000 студенти и наставници, работници и пензионери учествуваа во протестниот марш.
XS
SM
MD
LG