Достапни линкови

logo-print

Интеграција во ЕУ и НАТО за мир во регионот


Последните случувања во соседните земји не се сериозна закана за Македонија, велат учесниците на Конференцијата за регионални и безбедносни динамики.

Последните случувања во соседните земји иако се загрижувачки не претставуваат сериозна закана за безбедноста на регионот и Македонија,
Мислам дека еден од регионите кои загрижуваат е Северно Косово и случувањата меѓу косовската и српската влада. Тоа е област што сите страни, меѓу нив и ЕУ ја следат одблизу. Исто така има загриженост и во БИХ. Но, во Македонија нема некои прашања кои се од важен безбедносен интерес.

велат учесниците на Конференцијата за регионални и безбедносни динамики на Западен Балкан во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Аналитика Тинк Тенк. Поранешниот командант на НАТО штабот во Скопје Денис Близ вели дека генерално ситуацијата е безбедна, но има одредени проблематични региони:

„Мислам дека еден од регионите кои загрижуваат е Северно Косово и случувањата меѓу косовската и српската влада. Тоа е област што сите страни, меѓу нив и ЕУ ја следат одблизу. Исто така има загриженост и во БИХ. Но, во Македонија нема некои прашања кои се од важен безбедносен интерес.“
Конференција на тема „Регионални безбедносни динамики во Западен Балкан“

Конференција на тема „Регионални безбедносни динамики во Западен Балкан“


Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието Владимир Ѓорчев вели дека будно се следат случувањата во соседството и земјата покажа дека умее да ја сочува безбедноста во моменти кога имаше војни во регионот.

„Сега станува збор за тензии од помал обем коишто Македонија будно ги следи, но начинот и концептот кој го градиме во Република Македонија претставува најдобра гаранција за кохезијата и стабилноста на нашата држава.“
Мислам дека еден од регионите кои загрижуваат е Северно Косово и случувањата меѓу косовската и српската влада. Тоа е област што сите страни, меѓу нив и ЕУ ја следат одблизу. Исто така има загриженост и во БИХ. Но, во Македонија нема некои прашања кои се од важен безбедносен интерес.

Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев вели дека земјите од регионот имаат иста цел – интегрирање во ЕУ и НАТО. Според него, предизвиците со кои се соочува целиот свет се присутни и на Западен Балкан.

„Во перспектива останува да се работи на тоа поле за интеграција на земјите во овие колективни системи што ќе придонесе за зголемување на безбедноста во нив одделно.“

Претседателот на евро атлантскиот совет на Македонија Лазар Еленовски, вели дека регионот е една успешна приказна која се уште не е завршена и треба да се работи на прашањата кои не се решени:

„Како на пример прашањето за името, кое е главна пречка за влез во НАТО и покрај тоа што Македонија ги исполни условите во 2008 година. Случувањата со Косово, со Босна, секоја држава има специфики и зафатени се со светската економска криза и тоа е главен безбедносен проблем. А, главен проблем во регионот сепак е организираниот криминал и корупцијата.“

Дали Македонија ќе го добие своето задлужено место во НАТО Алијансата на следниот самит во Чикаго? Учесниците не се оптимисти, но сложни се дека земјата треба да продолжи да се труди да ја оствари својата цел.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG