Достапни линкови

Косовскиот премиер е против размена на територии со Србија


Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи изрази загриженост поради изјавата на пратеникот од Демократската унија на Косово Љутви Хазири дека Белград и Приштина треба да си разменат територии од Северно Косово и Јужна Србија.

„Поделбата на територијата на Косово и вакви слични идеи се многу опасни“, изјави Тачи.

Косовскиот премиер нагласи дека Владата и меѓународните претставници во земјата се загрижени од разгледување на идејата за поделба на Косово и побара објаснување дали изјавата на Хазири е негово лично мислење или пак на неговата партија, која е главна опозициска партија.

Лидерот на Демократската унија на Косово Иса Мустафа изјави дека идејата на Хазири за промена на границите не е став на партијата, туку негово лично мислење.
XS
SM
MD
LG