Достапни линкови

СДСМ предложи нов закон за стечајци


Гневен возач се расправа со стечајците кои ја блокираат улицата пред Собранието на 10 јуни 2010 година.

Гневен возач се расправа со стечајците кои ја блокираат улицата пред Собранието на 10 јуни 2010 година.

Пратениците од опозицискиот фронт денеска во собраниска процедура доставија предлог закони за стечајните работници и за измени и дополнувања на Законот за социјална заштита.

Со законот за стечајните работници, СДСМ бара сите невработени лица поради приватизацијата на претпријатијата со општествена сопственост да примаат надомест од Буџетот во висина од 30 проценти од просечната плата. Условите кои треба да ги исполнуваат се да имаат 15 години стаж и 50 години старост за жени и 53 за мажи.

Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита, опозициските партии бараат сите трошоци кои се однесуваат на поднесувањето на документи за остварување на правото на парична помош за социјална заштита да паднат на товар на државата и да бидат исплатени од Буџетот.
XS
SM
MD
LG