Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Атина


Архивска фотографија: Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Атина на 15 јуни 2011 година.

Архивска фотографија: Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Атина на 15 јуни 2011 година.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите што присуствуваа на годишниот студентски митинг во Атина. Маскирани момчиња фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот парламент. Полицијата возвратила со солзавец. Досега нема информации за повредени, а околу 60 луѓе биле уапсени. Според полициски проценки, на протестите присуствувале околу 28 илјади луѓе.
Повеќе од 7.000 полицајци и пожарникари се распоредени во главниот град на Грција поради страв дека годинашниот студентски митинг може да биде насилен поради непопуларните мерки за штедење.
XS
SM
MD
LG