Достапни линкови

Унгарија е извор на радијацијата во Европа


Техничар во Меѓународната агенција за атомска енергија ги следи радиоактивните траги во атмосферата во Европа.

Техничар во Меѓународната агенција за атомска енергија ги следи радиоактивните траги во атмосферата во Европа.

Меѓународната агенција за атомска енергија информира дека медицинска лабораторија во Унгарија најверојатно е извор на радиоактивните траги измерени ширум Европа во изминативе недели. Агенцијата соопштува дека добила известување од надлежните органи во Унгарија дека изворот на јодот-131 детектиран во Европа веројатно е Институтот за изотопи во Будимпешта. Институтот произведува радиоизотопи за медицински цели, истражувања и за индустријата. Трагите од радијација, кои не се опасни за здравјето на луѓето, се појавија на 8 септември и беа забележани во атмосферата во Чешка, Австрија, Словачка, Германија, Франција, Шведска и во Полска.
XS
SM
MD
LG