Достапни линкови

Концерт на Реијзегер и „Скопје Конекшн“


Ернст Реијзегер, славниот холандски виолончелист и интернационалното трио СКОПЈЕ КОНЕКШН, концертно ќе го промовираат заедничкиот албум објавен во септември.

Ернст Реијзегер е композитор и челист, еден од најпознатите европски музичари за современа, класична, џез и импровизирана музика. Роден 1954 година во Нарден, во Холандија, тој започнал да ги открива тајните на инструментот уште на седумгодишна возраст, за да веќе на почетокот од седмата деценија на минатиот век стане една од клучните фигури во светот на европската импровизирана музика.

Соработувал со Дерек Белји и Мартин Ван Дајнховен и Михаел Мур, во 1980-те заедно со тапанарот
Мислам дека ќе направиме еден многу убав концерт, и Ернст ќе донесе некои свои композиции така што мислам дека ќе биде навистина уживање, како за нас, така и за публиката
Хан Бенинк бил член на АЈ-Си-Пи оркестра на славниот Миша Мелгерберг, подоцна станал еден од оснивачите на Клусоне трио, а на неговата долга листа на соработки се и импозанти изведувачи како Луис Склавист, Трилок Гурту, Јо Јо Ма, Џери Хемнгвеј, Марија Пиа Де Вито и други.

Реијзегер е добитник на многу награди и признанија од кои најзначајни се Бој Едгар Пријс како најзначајна за авангардна и џез музика во неговата родна Холандија, престижната Брд авард за настап на познатиот Норт Си Џез Фестивал во 1995 година и минатогодишната Едисон Хидиндагс Класик за неговиот втор соло албум со сериозна музика. Наедно, тој е познат и како автор на филмска музика кој низ години активно соработува со култниот германски режисер Вернер Херцог.

Од таму, разбирливо е што со нагласено внимание се очекува неговата нова средба со Скопје конекшн, интернационалното трио во кое се еден од најдобрите млади италијански џез музичари - трубачот Лука Аквино и македонските виртуози - гитаристот Ѓорѓи Шарески и хорнистот Џијан Емин. Ова особено ако се знае дека тие зад себе го имаат заедничкиот албум The Skopje conection meets Ernst Reijserger, објава за која по публикувањето критичарите во Италија, Норвешка, Холандија и во други европски земји имаат само убави зборови и музика која на сцената во Домот на АРМ ќе прозвучи со сета своја потентност, топлина, енергија и авангардност.

„Луѓето многу позитивно реагираат на нашата објава, особено оние кои што го знаат првиот албум кој што беше доста поамбиентален со поспецифичен звук. Мислам дека ќе направиме еден многу убав концерт, и Ернст ќе донесе некои свои композиции така што мислам дека ќе биде навистина уживање, како за нас, така и за публиката“, ќе рече Џијан Емин во пресрет на саботниот концерт.

Притоа дополнувајќи дека веќе во понеделник, на 21 ноември, Скопје конекшн ќе свират на Аларма панк џез фестивал во Софија, а од јануари ги чека серијата настапи по европските земји.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG