Достапни линкови

„За да му парира, Црвенковски му контрира и го копира Груевски?“, „Административците под стрес чекаат оценки“, „Отворен ловот на новинари“, дел од насловите во весниците.

Ќе се распаѓа ли еврозоната, ќе избегне ли Грција банкрот со новиот премиер, што ќе се случува со кризата во Италија - теми со кои главно се занимаваа домашните медиуми во изминатата недела. Но, се занимаваат и со други нешта: Вечер на пример, покрај поплавата од фељтони за тоа дали Македонците се со античко потекло и за жалната судбина на Македонија во 19 век, па и порано, на насловна, со фотографии, објавува: „Лидерите под сомнеж за злоупотреба на 14 милиони евра“, при што
„Вечер“ објавува: „Лидерите под сомнеж за злоупотреба на 14 милиони евра“ при што забележува дека судските процеси во кои биле вмешани Бучковски, Црвенковски, Тупурковски и Бошкоски се без епилог

забележува дека судските процеси во кои биле вмешани Бучковски, Црвенковски, Тупурковски и Бошкоски се без епилог, освен оној на Заев, но кој бил аболициран од тогаш претедателот на државата Црвенковски.

И, Нова Македонија се занимава со Црвенковски и со неговата СДСМ, поставувајќи прашање со констатација дека „За да му парира, Црвенковски му контрира и го копира Груевски?“. Па избројала дека за нецели две недели СДСМ и лидерот дури 15 пати се обратиле до граѓаните и имале повеќе средби со странските дипломати во земјава.

Нова Македонија пишува и дека на ситен инвентар Владата со новиот буџет ќе потроши 57 милиони евра, речиси двојно повеќе од лани, а дека „Административците под стрес чекаат оценки“ во согласност со новите закони кои предвидуваат за три негативни оценки од претпоставениот - отказ од работното место.

Дневник, насловува дека нови 275 таканаречени „рамковни административци“ ќе им се придружат на околу
А еве што објавува „Утрински“, а што не го објавуваат претходните весници: „МВР ќе проверува за пропаднатиот попис“; „Камерите на плоштадот Македонија замижаа при убиството на Мартин - од страв или од срам?“
150 вработени во државната администрација кои седат дома, а примаат плата, а дека „Поранешните функционери апат половина милион евра“ за апанажа цела година откако ја напуштиле функцијата. Месечно околу 56 илјади денари! Имињата прочитајте ги во весникот, одземаат многу време.

А, еве што објавува Утрински, а што не го објавуваат претходните весници: „МВР ќе проверува за пропаднатиот попис“; „Камерите на плоштадот Македонија замижаа при убиството на Мартин - од страв или од срам?“; „Љубе го виде сведокот“; „Отворен ловот на новинари“ - од 1 декември оваа до 31 јануари следната година и новинарите од приватните медиуми мораат да поднесат изјави дека не соработувале со тајните служби на државава; и „Во буџетот за идната година не се предвидени пари за нов попис“ што „Утрински“ го наведува на заклучок дека волја за ново попишување на населението и домаќинствата во владејачката гарнитура - нема.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG