Достапни линкови

Монти ветува баланс меѓу „растот и правичноста“


Новиот италијански премиер Марио Монти.

Новиот италијански премиер Марио Монти.

Новиот италијански премиер Марио Монти ја претставува владината програма за заживување на економијата и намалување на јавниот долг пред Сенатот, додека студенти протестираат ширум Италија.

Монти пред Сенатот рече дека неговата влада ќе ги спроведе строгите мерки за штедење кои ќе бидат балансирани меѓу „раст и правичност“. Сенаторите денеска треба да гласаат за доверба на владиниот кабинет. Се очекува, кабинетот на Монти, во кој членуваат академици и експерти и во кој нема претставници на политичките партии, без проблеми да добие доверба на денешното гласање во Горниот дом и во петок во Долниот дом на Парламентот.

Во меѓувреме, илјадници студенти протестираат ширум Италија против најавените мерки за штедење. Во неколку градови, меѓу кои и Рим, дошло до судири меѓу полицијата и демонстрантите.
XS
SM
MD
LG