Достапни линкови

logo-print

Кувајт ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ против демонстрантите


Емирот на Кувајт, шеик Сабах ал-Ахмад ал-Сабах.

Емирот на Кувајт, шеик Сабах ал-Ахмад ал-Сабах.

Емирот на Кувајт, шеик Сабах ал-Ахмад ал-Сабах и нареди на Националната гарда и на безбедносните сили да ги преземат „сите неопходни мерки“ да осигураат безбедност во земјата. Наредбата беше објавена во соопштение по итната владина седница, откако демонстрантите што бараат оставка на премиерот упаднаа во зградата на кувајтскиот Парламент. Десетици демонстранти, меѓу кои и некои опозициски пратеници, доцна синоќа ја скршија портата на Паламентот и влегоа во главната сала каде што ја испеаја државната химна пред да заминат. Ова се најсериозните протести во Кувајт, каде што досега немаше масовни протести инспирирани од Арапксата пролет. Опозицијата го обвинува премиерот, кој е член на угледното владејачко семејство ал-Сабах, за корупција.
XS
SM
MD
LG