Достапни линкови

Две децении Устав на независна Македонија


Свечена седница во Парламентот 17.11.2011

Свечена седница во Парламентот 17.11.2011

Генерална оценка дека Уставот од 91-та година засега е функционален, особено по промените во 2001-та година. Наредните може да се очекуваат откaко Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО.

Уставот од 91-та надополнет со неколкуте амандмани од кои најголемите во 2001-та претставува широка рамка за развој на политичките процеси во земјата и во која и денеска по дваесет години од неговото донесување може да се огледа политичката пракса. Тука секако помага и политичката
Уставот неможе да биде огледало, генератор на секоја појава во политичкиот систем која што можеме да оцениме дека е недемократска.
традиција којашто се уште функционира на начин којшто ја остава на страна за догледно време темата на промена на Уставот. Вака експертите на годишнината од донесувањето на Уставот на суверена Македонија го оценуваат највисокиот правен акт во државата.

„Ако станува збор за политичките процеси во областа на демократијата тие не се тангирани од Од свечената седница по повод 20 години од Уставот

Од свечената седница по повод 20 години од Уставот

Уставот, може да се засегнати од режимот на политичките состојби, од статусот на јавноста, медиумите, судството, извршната власт итн, и во таа насока Уставот неможе да биде огледало, генератор на секоја појава во политичкиот систем која што можеме да оцениме дека е недемократска“, вели еден од креаторите на Уставот, професор Владо Поповски.
Кога ќе дојдеме до некое потешко прашање, ќе се соберат политичките лидери ќе преговараат и ќе најдат некое политичко решение. Често пати тоа политичко решение може да биде не докрај во согласност со Уставот, но функционира.

Во пракса, покрај уставниот систем се воспоставени правила на игра коишто се неинституционализирани но функционираат, па оттука помагаат во функционирањето на политичките процеси и односи без при тоа да се отвори потребата од промени на Уставот, вели политичкиот аналитичар Ризван Сулејмани.

„И во секој случај кога ќе дојдеме до некое потешко прашање, ќе се соберат политичките лидери ќе преговараат и ќе најдат некое политичко решение. Често пати тоа политичко решение може да биде не докрај во согласност со Уставот, но функционира.“

Прашањето за измени на Уставот повремено може да се чуе од штабовите на опозициоските партии во албанскиот блок, но оние од Власта измените донесени со уставните амандмани во 2001 ги сметаат за добра рамка за надополнување на етничките права и виспоставување стабилни меѓуетнички односи. Нема никакви индикации ниту од странски аналититчари или меѓунариодните организации за измени во највисокиот акт на државата. Покрупни измени можат да се очекуваат дури откaко Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО, вели Поповски.

ДУИ и ДПА се скараа

- Тие што рекоа дека направија војна за права, значи ДУИ, денеска прославуваат 20 години од донесување на првиот Устав од независна Македонија што ги скрати правата на Албанците.Денеска се гледа зошто ја пролеаа крвта на Албанците за да седнат во нивните фотелји, рече Беким Фазлиу од ДПА.

ДУИ пак контра. Немале комплекс што се на денешната свечена седница и прослава, бидејќи Уставот е донесен пред 20 години, но пред 10 години благодарение на нив,бил донесен Рамковниот договор а со него и најголемите уставни измени.

- Во најмала рака иронично е што реагираат претставниците на политичката партија што беа активни на политичката сцена од 1991 година, значи од појавувањето или воспоставувањето на плурализмот. Тие го одбиваа Уставот, но некако секогаш работеа според тој Устав, се избираа според тој Устав, работеа во Собранието на Р. Македонија според тој Устав, рече Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.

На денешната свечена седница по повод 20 години од носењето на Уставот, останаа празни солчињата на пратениците од ДПА.


Уставот од 1991 година беше неопходна рамка за заокружување на независноста на Македонија од поранешна СФРЈ.
XS
SM
MD
LG