Достапни линкови

Монти ја изложува владината програма пред Сенатот


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони свечено му ја предава функцијата на неговиот наследник Марио Монти.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони свечено му ја предава функцијата на неговиот наследник Марио Монти.

Новиот италијански премиер Марио Монти ќе ги претстави неговите планови за заживување на економијата и намалување на јавниот долг пред Сенатот, во пресрет на гласањето доверба на владата. Кабинетот на Монти, во кој членуваат академици и експерти и во кој нема претставници на политичките партии, вчера положи заклетва. Угледниот економист и поранешен еврокомесар Марио Монти, освен премиер, ќе биде и министер за финансии. Се очекува, неговата влада без проблеми да добие доверба на денешното гласање во Горниот дом и во петок во Долниот дом на Парламентот.
XS
SM
MD
LG