Достапни линкови

Обама - САД ќе го зајакнува военото присуство во Пацификот


Американскиот претседател Барак Обама и австралиската премиерка Џулија Галард при пристигнувањето на Обама во Австралија.

Американскиот претседател Барак Обама и австралиската премиерка Џулија Галард при пристигнувањето на Обама во Австралија.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека американската армија ќе ја прошири својата улога во азиско-пацифичкиот регион и покрај намалувањето на буџетот. Ова тој го изјави во говорот пред австралискиот парламент во Канбера. САД и Австралија вчера се договорија 2.500 американски војници да бидат распоредени во северна Австралија. Кина со сомнеж гледа на ваквиот чекор кој се толкува како воспоставување противтежа на зголеменото кинеско влијание во регионот.
XS
SM
MD
LG