Достапни линкови

logo-print

МААЕ сака разговори со Иран


Техничар во Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена.

Техничар во Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано изјави дека сака да испрати делегација на високо ниво во Иран на разговори за последниот извештај на Агенцијата за нуклеарната програма на Техеран. Тој рече дека се надева дека посетата може да „ги разјасни прашањата“ од извештајот. Амано веќе испратил писмо до иранските власти да предложи посета.

Во Виена денеска почнува дводневен Самит на Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Во извештајот од минатата недела, Агенцијата, која е тело на ОН, наведува дека има веродостојни докази што укажуваат дека Иран разботи на развој на нуклеарно оружје. Иран веднаш го отфрли извештајот како неоснован.
XS
SM
MD
LG