Достапни линкови

logo-print

СЕЕМО: состојбата со медиумите во Македонија, делумно слободна


Организацијата на медиумите во Југоисточна Европа СЕЕМО со седиште во Виена го објави извештајот за престојот на делегацијата на оваа организација во Македонија од 4 до 6 минатиот месец. Во него се оценува дека медиумското опкружување во земјата било делумно слободно. ,,Сите медиумски професионалци интервјуирани од делегацијата на СЕЕМО зборуваа за политички, економски и легален притисок врз медиумите кој предизвикува самоцензура,, се наведува во извештајот во кој се додава дека никој не негирал оти некои новинари биле вклучени во незаконски работи, како уцена на бизнисмени или во профитабилни зделки. ,,Сите се согласуваат дека општеството е поделено. Додека провладините приврзаници тврдат дека законите конечно се спроведуват, критичарите сметаат дека истите правни дејства биле селективни и политички мотивирани со цел да се задуши слободата на медиумите,, се истакнува, меѓу другото, во извештајот на СЕЕМО во кој се препорачува Европската комисија и меѓународните медиумски организации да продолжат да ја следат ситуацијата за да се обезбеди исполнување на меѓународните медиумски стандарди.
XS
SM
MD
LG