Достапни линкови

Демонстранти упаднале во кувајтскиот парламент


Десетина демонстранти синоќа упаднале во зградата на кувајтскиот парламент за време на протестот за оставка на премиерот Насер ал Мохамед ал Сабах кој опозицијата го обвинува за корупција. Новинските агенции, повикувајќи се на сведоци, јавуваат дека за време на протестот полицијата употребила палки. Кувајт кој е еден од главните американски сојузници во Заливот не беше зафатен од таканаречната Арапска пролет, но во последно време таму се интензивираа политичките тензии.
XS
SM
MD
LG