Достапни линкови

logo-print

Продолжен мандатот на меѓународните сили во БиХ


Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за продолжување за уште една година на мандатот на силите на ЕУ и НАТО во Босна, со образложение дека ситуацијата во регионот останува „закана за меѓународниот мир и безбедност“.
Мисиите на ЕУ и на НАТО во Сараево, кои бројат неколку стотици лица воен и цивилен персонал, ќе го продолжат својот престој до ноември 2012 година.
Петнаесетчлениот Совет едногласно ја одобри резолуцијата, која им дозволува на ЕУ и НАТО да ги преземат сите потребни мерки „за да се заштитат од напади или закани од напади“.
Истовремено, СБ на ОН ја разгледа и ситуацијата во земјата, каде што не е формирана централна влада повеќе од една година по изборите. Членките на Советот оценија дека неформирањето на нова влада претставува пречка за напорите за демократски реформи.
XS
SM
MD
LG