Достапни линкови

Дијалогот Белград-Приштина продолжува в понеделник


Шефот на српскиот преговарачки тим во дијалогот со Косово, Борислав Стефановиќ најави дека разговорите ќе продолжат в понеделник во Брисел и оти една од темите ќе бидат, како што рече, административните премини. Тој изјави дека во вчерашниот разговор со посредникот на ЕУ Роберт Купер не е најдено решение за овој проблем, но и дека разговорите ќе продолжат и денеска. Не може да се натера Белград да ги третира административните премини како државна граница, рече Стефановиќ, коментирајќи ги изјавите од Приштина дека со договор за премините Брњак и Јариње, Србија ќе признае дека станува збор за државна граница.
XS
SM
MD
LG