Достапни линкови

Владата не признава сексуална дискриминација?


Претходно во законот, а сега и во новата Стратегија, во листата основи по кои не треба да се прави дискриминација, не е вклучена сексуалната ориентација.

Владата и со новата Стратегија за еднаквост и недискриминација, сексуалната ориентација ја става во графата друго. Иако министерот Спиро Ристовски, најави дека целта на Стратегијата е да се подобри статусот на најранливите групи и да се обезбеди континуиран развој на еднаквоста и недискриминацијата, сепак и овој пат остануваат луѓе кои ќе бидат дискриминирани. Министерот рече дека што се однесува до сексуалната ориентација тие остануваат на она што е утврдено со Законот.
Законот за заштита од дискриманција е основниот постулат по којшто продолжуваме да се движиме и во тој дел сега за сега се уште нема отстапки.

„Она што е утврдено во законот за заштита од дискриманција е основниот постулат по којшто продолжуваме да се движиме и во тој дел сега за сега се уште нема отстапки.“

Имено во законот, во листата основи по кои не треба да се прави дискриминација, не е вклучена сексуалната ориентација. Објаснувањето на мнозинството во Парламентот тогаш беше дека отворената листа на основи ја вклучува и сексуалната ориентација.

Од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ велат дека се затекнати од новата Стратегија.

„И сме разочарани дека владата продолжува континуирано да ја игнорира нашата организација и сличните на неа, коишто се гласни по однос на правата на маргинализираните заедници за што очигледно кажува исклучувањето на сите групи во оваа Стратегија, но уште повеќе сме
И сме разочарани дека владата продолжува континуирано да ја игнорира нашата организација и сличните на неа, коишто се гласни по однос на правата на маргинализираните заедници.

разочарани од нетранспарентноста на дел од невладините организации коишто се вклучени во преговори со Владата околу носењето на извесни закони и стратегии“, вели Славчо Димитров.

Европската унија пред носење на Законот неколку пати предупредуваше Законот за заштита од дискриминација да биде усогласен со легислативата на ЕУ.

Стратегијата која е во фаза на предлог текст, како што вели Ристовски, е и национален одговор на меѓународните обврски на Македонија, како и напор да се обединат сите ставови, активности и ресурси во една рамка и со единствен приод за унапредување на човековите права и воспоставување еднакви можности.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG