Достапни линкови

logo-print

Монти ја положи заклетвата и стана премиер на Италија


Новиот италијански премиер Марио Монти.

Новиот италијански премиер Марио Монти.

Поранешниот еврокомесар Марио Монти ја положи свечената заклетва и стана нов премиер на Италија што ќе го предводи 63-тиот владин состав во земјата по завршувањето на Втората светска војна. Монти соопшти дека освен премиер ќе биде и министер за финансии.

Неговата влада ќе треба да ги спроведе строгите мерки за штедење со кои треба да ја зголеми довербата кај инвеститорите дека Италија нема да банкротира. Експертите предупредуваат дека колапсот на Италија, што е трета по големина економија што го користи еврото, може да доведе до распад на евро-зоната.

Монти доаѓа на премиерската позиција, откако Силвио Берлускони се повлече, поради големиот долг и малиот економски раст.
XS
SM
MD
LG