Достапни линкови

Ване Цветанов: Невин сум!


Поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов.
Поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов.

Поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов тврди дека е невин, откако МВР му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност и овластување.

Јас се чувствувам невин, а ова го очекував, изјави за Радио Слободна Европа поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов, по кривичната пријава што полицијата ја поднесе против него. Цветанов е обвинет за „злоупотреба на службена должност и овластување“.
Се чуствувам целосно невин. Сум работел и работев за интересите Република Македонија и мојот народ.
Ване Цветанов, поранешен директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

„Денеска имав консултации со мојот адвокат. Ќе се воздржам од какви било изјави, но главното е што се чуствувам целосно невин. Сум работел и работев за интересите Република Македонија и мојот народ“, изјави Цветанов.
Ване Цветанов.
Ване Цветанов.

Кривичната пријава до Јавното обвинителство ја поднесе Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Според полицијата, во периодот од 2008 до 2010 година, Цветанов ја злоупотребил службената положба склучувајќи договори за јавни набавки спротивно на Законот за јавни набавки, а во исто време го пречекорил лимитот за користење службени мобилни телефони за него и други двајца вработени, со што ја оштетил Управата, односно Буџетот на државата за сума од 748.533 денари, односно околу 12 илјади евра.

Цветанов вели дека очекувал да му се случи вакво нешто.

„Па да, очекував и еве се случи, значи ова излезе на виделина, но не би сакал повеќе да ширам, мислам дека е попаметно во моментов да ги почекаме реакциите на медиумите, да ги слушнеме реакациите на Министервото за внатрешни работи и се надевам дека во теков на неделата ќе излезам на прес-конфренција и македонската јавност ќе биде запознаена со одредени сосотојби.“

Цветанов минатата година си поднесе оставка од фукнцијата поради, како што рече, „лицемерната политика и незаинтересираноста на власта за борба со вистинскиот криминал“. Тогаш владата тврдеше дека Цветанов не си поднел оставка туку дека бил разрешен затоа што имало неправилности во неговото работење. По неговата оставка следуваа јавни препукување во кои Цветанов тврдеше дека власта намерно го оцрнува и дека очекува негативни последици. Во изјава за Радио Слободна Европа, Цветанов тогаш рече дека неговото оцрнување е порачка лично на премиерот и ја обвини владата дека нема интерес и желба за борба против криминалот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG