Достапни линкови

Уставeн суд - Задолжително здравствено осигурување и за монасите


Илустрација.

Илустрација.

Уставниот суд одлучи дека и монасите и монахињите треба да имаат задолжително здравствено осигурување. На денешната седница, уставните судии го укинаа членот 5, став 1 од Законот за здравствено осигурување. Со овој член се определуваше задолжително осигурување на верско службено лице и припадник на верски редови, освен припадник на монаштво и сестринство.

Судиите ја укинаа оваа законска одредба бидејќи таа создава нееднаквост меѓу граѓаните по основ на верско убедување, поради тоа што од нејасни причини дошло до одземање на ова право за оваа категорија на граѓани, како и поради тоа што Република Македонија е социјална држава во која со Уставот е определено правото на здравствена заштита на сите граѓани, меѓу кои и на припадниците на монаштвото и сестринството, кои како и другите не се имуни на заболувањата.
XS
SM
MD
LG