Достапни линкови

Монти - И премиер и министер за финансии на Италија


Марио Монти.

Марио Монти.

Марио Монти формално ја прифати номинацијата за премиер на Италија и најави дека истовремено ќе биде и министер за финансии. За новата влада што ќе треба да ги спроведе строгите мерки за штедење, ќе се гласа во текот на денов. Со економските мерки треба да ја зголеми довербата кај инвеститорите дека Италија нема да банкротира. Експертите предупредуваат дека колапсот на Италија, што е трета по големина економија што го користи еврото, може да доведе до распад на евро-зоната. Монти е номиниран за премиер откако Силвио Берлускони се повлече, поради големиот долг и малиот економски раст.
XS
SM
MD
LG